рака (имн.) - негов (прид.)

Потоа ги изнесоа блескавите златни крилја во утрото, додека тие го шепотеа во нивните раце неговото име, нечие име, било чие име што долета, лебдејќи како пердув сред топлиот воздух. Монголфје.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ВАСИЛКА: Е господ златен веќе ако сака, во рацете негови да оставиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сето е во раката негова, сполај му.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мене ми стана јасно зошто Лествичникот, во часот кога татко му умирал на рацете негови, ги украл двата листа од претсмртните ливчиња на Мида и само две ливчиња оставил за нас, другите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
КОТЕ: Господ што е убаво нека даде, тој да ни ги ујдиса работите, во рацете негови да оставиме. (Сите ги испиваат ракиите и стануваат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Бојан излезе малку пред колибата, се прошета до стреата, седна врз Јурукот, галејќи ја со раката неговата рапава кора, како да се оправдува, како да се извинува пред ова дрво за неубавиот однос кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Наредните денови седеа на меѓата, ги гледаа телињата каде што пасат допрени со главчињата и неусетно раката негова ѝ појде на нејзината; таа не ја тргна; почнаа да си ги гледаат рацете како првпат да си ги гледаат: неговите полнички, црвеникави, а нејзините истенчени, бледи; започнаа да си ги милуваат, жулкаат; потоа си ги жулкаа косите: нејзините долги светло-црни, а неговите куси, бакарни и разделени на потец.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)