Поседе мирен една две недели, се понајаде, понапи од Трајковата ракиичка и винце во пријатно расположение со убава млада руса невеста, го дочека по вторпат Трајка од колибата, пак заедно се нагостија и напија, та дури цела ока канатларски тутун му даде да си понесе кога тргна пак на колибата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)