ракопис (имн.) - од (предл.)

Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И тоа не беше повеќе оној тежок несмасен ракопис од порано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски, замислен и натажен, но со посебно внимание го следеше Татко кога говореше за книгите на џамијата и внесено го праша: Но дали се знае некое од имињата на авторите и книгите на оваа најголема библиотека на времето во Османската Империја и подалеку?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговото остро око веднаш го здогледува документот, го препознава ракописот од адресата, забележува збунетост кај личноста до која е адресирано и ја наѕира нејзината тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Книгите и ракописите од оваа библиотека исчезнале од пламените јазици на пожарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)