рамо (имн.) - ќе (чест.)

Кога на левото рамо ќе ти се откриеше прерамката, боја чоколадна, јас почнував да си ја мерам среќата: до каде ќе ми дофрли погледот следејќи го патот на прерамката (можеби малку и се лутев што се уште не измислиле очила со коишто само во вакви, специјални прилики, ќе може да се фрли поглед под женскиот фустан токму до кајшто врви прерамката).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Не, нема потреба... - се пошегува Виктор - Јас мојата пациентка на рамо ќе ја однесам до дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога таа наутро со мотика на рамо ќе отиде на нечија нива за да донесе леб, Коле мора да остане дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да го знаев тоа место, си мислам, на рамена ќе ве носев, ќе одев со години, со векови, ко светец ќе се мачев, по трње боса ќе одев и ќе ве одведев, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)