Таа веродостојност, писателот ја потврдува, и со наведената литература која ја користел за создавање на своето дело, какви што се спомените, записите и биографиите на Јаворов, Пандо Клјашев, Анастас Грчето, Ѓорче Петров, потоа раскажувањата на писателот Ѓорѓи Абаџиев и на некои илинденци и учесници во востанието.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Да се пишува дело за историска личност, уште повеќе за личност која прераснала во легенда, не е ни малку лесна задача.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Од ова патување, според раскажувањето на нејзината ќерка Фатмире, баба се вратила изморена, разочарана, со губењето на својот сон дека нејзините синови конечно ќе заминат кон Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Речиси секое утро ме расонуваше раскажувањето на некој сон што претходната ноќ го сониле или татко ми или мајка ми.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во главата му се преплетуваа сцени и ликови од раскажувањата на Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Филмот продолжуваше, враќајќи се во сегашноста, кога Марсиа е веќе стара и го завршува раскажувањето на својата трагична љубовна приказна.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во неговата папка имаше цртежи, разни описи, раскажувања на поединци, а имаше и една топографска карта на Долнец што ја изработил самиот, како и опис на долнечките гробишта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ама нешто се случи со касетата или диктафонот, па раскажувањето на Еца остана таму во големата соба на нејзиниот стан на улицата Ваци Ут во Будимпешта. Така требало да биде!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Нема извори на живот. Животот е извор што се пие себеси.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
2 Според подоцнежното раскажување на кукулинецот Лозан Перуника* (значи по седумдесет и осум години од настанот, кога тој веќе бил на прагот на своето столетие, поточно - според записите на некој калуѓер од илјада деветстотини и тринаесеттата година, кога веќе се гризеле со оган и челик под знамиња на лав или двоглав орел и атакувале едни на други преку полумртви села и градови во прашина, во чад и во треска бугарските дивизии на генералите Тошев, Ковачев и Иванов и српските дивизии од Првата, Втората и Третата армија на престолонаследникот Александар и на генералите Степановиќ и Јанковиќ, и едните и другите, мобилизирајќи ги македонските голтари од вардарскиот, пиринскиот и егејскиот дел на својот вилает да пукаат едни во други**, додавајќи му ги на тој хаос и грчките војски, сите три крунисани влади на тие армии во алчна агонија да лапнат по еден залак од Македонија), во она време големоглавиот и бабуњосан Адам Леновец им раскажувал на неколцина од дружината дека попчето што го мердале ноќе во Лесново не се занесувало толку по идејата на грчката Патријаршија за една голема и од Зевс или Саваот благословена Елада, тој неграмотник со ретка брада можеби за тоа и не знаел, колку што сакал да ги завлече прстите со многу топчести ковчиња под ленената кошула на Фиданка Кукникова; каменоделците по ден, најчесто пред своите жени со загатливо сомневање под клепките, ја проколнувале и ја пцуеле убавицата со дамки, со тие златни очи на страст и копнеж по милување, а ноќе станувале од постелите на своите жени, божем во дворот ќе шопаат широко расчекорени и без воздишки по она што пред тоа го сонувале, всушност како лилјаци ја облетувале Фиданкината куќа со еден прозорец под бушавиот сламен покрив и со напукнат оџак; жените веќе нешто знаеле за ноќната лилјачка игра на своите мустаќести балами и со дукат го наговарале попот да се преправи во козинав врколак и да внесе страв во селото; ама и на попот, како што раскажувале, не му висел под папок суџук од мелено козјо месо; и тој станувал бабачко кога ќе се сетел какви тајни си криеле жените под кошулите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Да се потсетиме само на неговата приказна „Среќко од Роринг Кемп“ па ќе видиме како нејзините основни текови се извонредно блиски до раскажувањето на Чинго.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Таму тој остана сѐ дотогаш додека учителката не го заврши раскажувањето на убавата приказна што ја имаше подготвено денес за децата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ми се чинеше дека се сеќавам како доаѓа кај нас и си игра со мене со една црвена касичка што ми ја донесла како подарок, но веројатно не ја паметам туку си имам скроено приказни за неа од фотографиите што сум ги гледал и од раскажувањата на мајка ми.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Минуваа денови во патување и во интересно раскажување на пилотот Васе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)