растојание (имн.) - и (сврз.)

Се склопи како папка во една единствена црта - кога нема растојание и си е едно - совршен коитус на брегот на океанот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На картите со молив, одвај видливо, беа внесени правците на патувањата, бројки што означуваа растојанија и други што означуваа дати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А беше сигурен дека исто така како него пред да се засолне зад чамот се чувствуваше и неговиот побратим кога го нишанеше на најблиското растојание и кога не го погоди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)