Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Каде што престојував љубовта беше најпрогонуван порив Инаку за Одисеј боговите зар ќе смислеа Најзаобиколен пат кон саканата Пенелопа Реалноста е состојба на живот што си заминува А сонот е траг од копнежот што незнајно исчезнал Дали сме ние трагачи по реалноста престорена сон?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не сум силна без тебе, нема ден, нема ноќ, сѐ е празно, убавината е илузија, реалноста е грдотија, животот е пустелија, а љубовта знае да биде сурова.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Технологијата на виртуелната реалност е важна и поради тоа што конечно го рехабилитира допирот, односно тактилното сознавање, и го внесува како важно сетило дури и во областа на дигиталните делови, кои се, според традиционалните претстави, прилично cool, инстантни и стерилни, па затоа одалечени за, за common sense, вулгарниот touch. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 35
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Целата оваа реалност е наметнато, екранизирано платно на сиви сенки, кукли од партали, гротескна претстава на сурогати, црно бели копии без идентитети кои моментално атрофираат ако врз нив истурите шолја црно кафе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)