ред (имн.) - од (предл.)

Неговата нестрпливост лесно се објаснува: во последниот ред од салата го чека девојче, црвено облечено, до кое тој одвреме-навреме оди и ѝ шепина нешто.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И навистина, дури казанчето водопадно се излеа, листот на себе ги носеше сите делови од самотната сложувалка, со боја на црн креон, во подобар ред од оној на веќе размачканото огледало.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
А и ти на нив, па така ги знаеш цените на цел ред од твојата, а и од страната карши, солидарно помагаш во редењето на робата на комшијата, а и тој на тебе кога собираш како споулавен, ако дувне бура,а вазните се кршат наоколу.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но најтешкото настана кога требаше да се препише најпрвиот ред од текстот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А од десното наше крило веќе ми го нема митралезот, не го слушам. „Крило е дел од фронтот на борбениот ред од единицата што се наоѓа помеѓу крајната точка на фронтот и центарот на фронтот.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мнозина се научија да ги прочитуваат содржините на книгите и да ги раскажуваат пред наставниците, иако не прочитале ни ред од книгата!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Иследниците сигурно не заборавиле да ги земат па дури и да ги прочитаат оние неколку редови од тоа спомнато незавршено писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја однесе да ја гледаат Младата Чехинка, а таа се почувствува горда седната до него во првиот ред од театарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ѝ кажуваше приказни за далечни земји.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)