река (имн.) - бучи (гл.)

Излегоа сосема од завојот и зачуја како реката бучи, некаде под патот рикна теле во потрага по мајка си.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Реката бучи и половината нивни зборови ги однесува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Реката бучи долу Папањ и ги напива ливадите со студена планинска вода, додека овчарите ги прибрале своите стада еден крај друг поблизу, да можат да си помогнат и ги фатат дојниците да намолзат млеко, та и тие да го прават Велигден в планина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Реката бучи и половината нивни зборови ги однесува.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)