река (имн.) - тече (гл.)

Прострев моето под ситниот дождец, за да го ороси, па тие лесни капки се разлеаа по него како ситни солзи , тркалајќи се удолу, покрај носот, ми ја заобиколуваа устата, низ брадата па сѐ до вратот, каде што како река течеа, се слеваа една до друга.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Низ неа само реката течеше матна и спокојна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Колата сѐ уште беше таму. Можеше да се види при убаво време, кога реката тече мирно, а калта на дното е сталожена.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мостовите се мерат и по тоа колкави реки течат под нив. Дунаве, Дунаве...
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дното е поплочено со ружи Огромна сува река Тече неумоливо како раѓање.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Но не спомна која патека низ срцето врви и каква река тече таму и кој дивеч доаѓа на поило.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Звук на твоето дишење. Реката течеше под ниски камени лакови.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)