На тоа го потсетуваше само шумолењето на реката која го внесуваше својот здив, низ ширум отворените прозорци на чардакот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Продолжуваше дома, дури и во ноќта, понекогаш до мугрите, да ги доработува сиџилите, со тивкиот шепот на семејството и со шумот на реката која веќе престана да ги носи неговите надежи да замине кон морето, на југ.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потем погледна низ отворениот голем прозорец кон реката која брзо течеше кон блиското море.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Професор Алекс потсети дека Сахара токму и само заради својата големина е многу поголема од останатите пустини кои исто така се наоѓаат во суптропскиот појас, значи заради оддалеченоста на главниот дел од нејзината површина од морето, заради што облаците, кои ги нарече здив на океанот, и реките кои ги спореди со папочни врвки, брзо умираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Најпрвин се оцртала низ рамнината, како река која тукушто се појавува, обидувајќи се да си го најде своето течение и корито.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Понекогаш се опијанувал и ги претепувал децата и сопругата Ана, која тогаш заработувала рибајќи ги подовите во семејствата на богатите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Големите облаци отсекогаш биле разнобојни како фустаните од алпака, како постелата на Апу од кого душа си немаат ни снежните заклони, ни брзите реки кои се прават наглуви кога им велиш да запрат малку.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Игор Лозински, загледан во бистрите води на реката кои истекуваа од Езерото, прв ја прекина тишината: - Секогаш кога ми би мачно во животот, се смирував крај брзите води.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Низ Езерото минуваат, всушност, јагулите на пат низ малите и големите реки кои се влеваат во далечните мориња чии имиња предизвикуваат соништа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Минаа повеќе од триесетина години од времето на градбата на насипите и хидроцентралите на реката која минуваше низ двете земји.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Појдов кон удолната врвица од карпестиот рид, на кој беше виснат Манастирот, крај најголемиот извор на Езерото, кој ги поврзуваше двете земји и завршуваше во бучната река која се влеваше во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Го одмина, така, Татко далјанот и повторно му се отвори глетката на мирната река која течеше со сино сребреникавите води.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Одѕивот од пукотот во долината стивна и пак се заслуша бучењето на реката која спокојно го продолжуваше својот пат.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сакаше да заминеме кон Америка следејќи го патот на јагулите, пред тој да им биде запрен со градбата на хидроцентралите, на реката која се влеваше во ова исто медитеранско море.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)