Кадијата ја зазеде Старавина, ја ограби, ги изгоре куќите на бунтовничките водачи, па се запати по реката нагоре кон Градешница.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И продолжи, но сврте по патот крај реката нагоре.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Заодија по патот надолу со мисла пред мостот да скршнат малку по река нагоре и да се пикнат во воденицата Германова додека да наиде некој од селото за да се распрашаат што е и како е.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Знаевме дека бегот со големецот и со придружбата негова ќе помине отаде река нагоре та ако нè пуштеше надвор можеби и ќе го видевме.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Како што клепалото удри така ѕвоното по долиштето, до ридот отспротива, и по реката нагоре којзне до каде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)