Некои, од последните живи сведоци на Републиката од илјада деветстотини и третата, биле, и нив ги нема веќе, поинаку ја знаеле прикаската.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)