Со оваа интервенција, секако, не сакавме да го поткопаме моралниот углед и интелектуалната репутација на Енценсбергеровиот, смел ангажман.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Макар што разговорот забрзано се доближуваше до крајот, не можевме да му одолееме на искушението да го соочиме нашиот гостин со полемичката теза за глобалниот распад на големиот бран на критичка мисла во Европа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Младиот државен секретар, со својата смиреност, повлеченост, но и со репутацијата на школуван кадар на високите европски и американски универзитети, особено во доменот на безбедноста, на многумина дипломати ќе им остави посебен впечаток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со неколку благи линии, Бојс доловува експлозивни пејсажи, сцени од распнување, гробови, черепи, како и групи животни со митски асоцијации.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тука е и еден збир од митски женски фигури: Амазонки, Нимфи, сибили, шаманки, свештенички и неколку креатури пола жени - пола животни. често направени врз тенки внимателно цепени парчиња хартија, овие откачени и опсесивни дела беа тие коишто први ја создадоа Бојсовата репутација на „визионер во еден разурнат свет“.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)