„Не вревете, Атињани“4
јавните места, амфитеатрите
и пантеоните ги имате за провод
и лесен живот
за парење и галење
слугите не се за отфрлање
ни робовите, млади и помлади
не сте вие, граѓани
од неслобода засегнати
од немаштија и немоќ, напротив
вие гласате, беседите, мезетите
вие освојувате и патувате
наследувате и ќарите
мажи многубожни и безбожни
дури време е, скрасете се
доста пребиравте
меѓу реториката и политиката
меѓу мантиката и математиката
во вештини, о самољуби, доста се огледувавте
се наттрчувавте и надмудрувавте
заговаравте и преговаравте
недоветни доста се правевте:
сиромашните се собираат по плоштадите
агорите и аулите
првин тивки и потем бучни
првин слаби потем силни
првин малку потем многу!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
И како што се размешаа јазиците и наравите и обичаите, наредбите и законите и искуствата*: на Египќаните - геометријата, на Персијанците, Халедеите и Асирците - астрономијата, гатањето врачањето, маѓепсувањето и секаква човечка вештина; на Евреите пак, светите книги, а во нив е пишано дека Бог го создаде небото и земјата и сѐ на неа и сѐ по ред како што пишува; а на Грците - граматиката, реториката и филозофијата.
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Гамбони ја анализира „метафоричната иконокластика“ на авангардата, но никогаш не сугерира дека постои директен каузалитет помеѓу деструктивната реторика и постоечките случаи на вандализам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Дали може да се тврди дека иконокластичната реторика, што постои во манифестациите на раната авантгарда, подготвила основа за вистинска деструкција на уметничките дела и, во извесна смисла, дури и легализирала некои од овие деструктивни дела?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)