Додека беше при моќ владетелот, покрај несомнено прогресивните реформи кои ги донесе на државата и институциите, со вештите геостратегиски потези, успевајќи во лицитацијата на големите и влијателни сили да го извлече максимумот за својата земја, ја контролираше целосно ситуацијата во земјата која дишеше според неговиот владетелско-апсолутистички режим.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Затоа француската влада била заинтересирана за воведување на реформи во Македонија, но реформи кои немало да придонесат за ослободувањето на покореното население туку само да осуетат едно општо востание.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Новите реформи кои предвидуваа во модернизираните воени единици да се сочуваат зачуваат само најдобрите јаничарски трупи, доведоа до нивна нова генерална побуна кога тие на 15 јуни 1826 година ја запалија палатата на големиот везир и ги бараа главите на реформаторите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За среќа, постојат демократски модели, реформи кои можеме да ги спроведеме.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)