Не го сторив тоа ни оној ден кога свесно одбив да бидам „унапреден“ во доделувач на пофалници и на други одличија со кои ќе требаше да им ги украсувам градите на оние поединци од стадото кои ќе прифатеа дека единката нема потреба да размислува за појавите и настаните за кои Партијата има одамна веќе стокмено одговори и распишала рецепти и правила.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Облеката и изгледот, освен се разбира оние на Леон, во неговото семејство беа традиционални, на главата машките членови носеа штрајмели, капи од кожув, на лицата имаа бради, а покрај образите им висеа долги свиоци коса, Шабат и годишните празници строго се почитуваа, а јадењата се подготвуваа по рецепти и начини едноставни и скромни, како на село.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Да не прозвучи суетно но јас навистина сметав дека и во крутите околности на системот постојат прифатливи решенија за онаа личност која ќе соумее да се постави така за да може да се придвижи и надвор од правилата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)