Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Да сфати дека долго ќе мора да гледа на овие ридови кои треба да им станат кошмар и на јаве и на сон.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Лево - Копанче, Свети Илија, Круша и Горуша и зад неа Котелската Кула, 1758 висок рид кој од јужната страна е пресечен со многу стрмна карпеста падина на чие дно лежи селото Котили (Котелци).
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На Горник, горе на Рамни, се најдува главата на селските чешми, црквата и селските гробишта, додека Зедница - тоа е мал и сув рид кој некогаш морал да се вика Изедница или Заедница, но испраѓањето на и-то или а-то што е тенденција во пелагодниските говори за скусување на зборот, го добил името Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)