Додека не сфатив дека работата не е во слушањето Ами во пренесувањето на туѓите муабети во надлежните служби А мене тоа ниту ми паднало ниту ќе ми падне на ум Што чув не чув што видов не видов Ако некој баш запне да се интересира Може само да му додадам дека тој за кого прашува Тукушто помина оттука и воопшто не го видов и точка Така било така и ќе биде до последната коала Оти во нашиот род никогаш немало и нема ни да има кодоши Објективните биолошки околности се такви
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Постојат и такви посебни видови на привлечност што не подлежат на трошење!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не сакав да го сочувам за себеси како тајна она што Огнена ми го изнарече, а немаше потреба и да го кријам, не заради реченото, туку повеќе заради сознанието дека и овој пат заклучив оти употребливоста на Огнена Гулева за одржување на среќата кај машкиот род никогаш нема да застарее, иако таа самата непотребно и безразборно ја растура и арчи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)