Зборовите треба да го најдат својот дом, својот Господар, рожбата своја.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Одврза шамија, подигна раце и очи кон небото и, стоејќи како скаменета, се помоли: - Боже Богородице, Кои знаете што е болка по рожбата својa, чувајте ми ги чендата...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Таа се навали на веленцето што го стави како возглавница и ѝ се пристори дека е дома во глуво доба, крај своето огниште во кое сигурно сѐ уште тлеат жарчињата што ги покри со спуза; ѝ се пристори дека е во шарената гостинска одаја во која го распосла излитеното веленце и мисли на своите рожби и на челадта од рожбите свои кои израснаа на ова веленце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)