салата (имн.) - и (сврз.)

Мајката рече: - Јас го исчистив станот, ги измив садовите, направив салата и ја наместив масата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Коски од кременадли во богатите куќи, салата и корки од портокали во сиромашните.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ама сепак претерува, зар не? – се засмеа неконтролирано Јана како онаа вечер, во кујната на Стариот писател В. Зрновски, додека со Денко Самоников ја подготвуваа салатата и пијалокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Узото, салатата и виното секогаш се носат со печената риба.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И кога тие бели нешта ќе ја почув-ствуваат сончевата топлина зовриваат и тонат удолу кон салатата и кон старото и смрдливо говедско, на талогот од кафе и на главите од белите риби и по десетина секунди на сонцето тие заминуваат, тонат и големата валкана крпа сега ги прекрива купиштата од смет што остануваат тивки и без движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Нешто како растурен сендвич: танки резанки мешан кашкавал, уште потанки салама од соја, листови зелена салата и по некоја останата маслинка. Вкусно за око, уште повкусно на јазик.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа нејзино пискливо смеење всушност потврди дека е во прашање таа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)