санка (имн.) - и (сврз.)

Има и санки и скии да се услужиш - има и ски-лифт! Ти велам Ниниче - супер!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Дедо Мраз ги остави елените со празни санки и влезе во прекрасната куќа на пламенокосиот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)