санта (имн.) - мраз (имн.)

Дали има таков чија топлина ќе биде доволно силна да ја стопи оваа санта мраз околу мене.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да наведеме само неколку примери: аналитичката психологија ја покажува индивидуалната психа како врв на санта мраз, составена од колективни ментални процеси што го трансцендираат нашиот вид.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Огромна и закоравена санта мраз пливаше во мојата утроба и бев свесна дека ќе потрошам многу огрев за да се растопи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Често насоките, земјите каде што одеше, сам ги одредуваше, а често го завлекуваа и случајностите на кои им се препушташе како откината санта мраз, како лист зафатен од ветрот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Едо го минуваше времето дење во раскошната кабина на тешкиот, американски камион, со носивост од 12 тона влечени од мотор со 290 коња, со кабина како гарсоњера, со моќна радио-станица, целиот сребрен и испониклуван, камиот налик на џиновска детска играчка,што потсетува на изделкана санта мраз во движење, што Марко го возеше по градот и околните места сѐ до Калгари и најјужните брегови на САД, а навечер седнуваа во половниот „крајслер“ на Марка и одеа во барот „Driver`s Outlet“ каде што се собираа неговите колеги, сите шофери и шоферишта, од помлади до средновечни луѓе, неверојатно шаренило од снажни, згодни и грдомасни луѓе, едни обраснати во бради, други со коси што главите им ги правеа да личат на грмушки, ќелави, со прцлиња потфатени над тилот, тетовирани, каде што се зборуваше семсекаков англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)