Кога им потсмекна малку жалта и болките на луѓето за загинатите, зафатија да ги прават другите редови што ги носи животот: направија неколку свадби кои поради војните, останаа не направени; потоа продолжија со редовните свадби, а почнаа да женат и мажат момчињата и девојчињата предвреме, уште млади - тукушто почнало ѓаволчето да им се буди во нив и да ги вознемирува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април. Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)