свест (имн.) - кој (зам.)

Франц Фенон рече дека важна работа за национализмот на угнетениот народ е тоа што кога еднаш ќе ги утврди своите цели, би требало да развива социјална свест која е многу различна од националната свест.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да се артикулира темелот на таа нова свест која е во процес на обликување и рефлексија.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ако тргнеме од претпоставката дека нашето општество разликува два основни менталитета: примитивен (кој се потпира на чувствата) и цивилизиран (кој се потпира на разумот), ќе дојдеме до свеста која продуцира нова поделба: на луѓе наклонети кон масовната култура, и на такви кои и припаѓаат на интелектуалната елита.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Зелениот дијамант можеби бил некаков космички истражувац во некаква си мисија, можеби облик на свест кој се појавил како плод на еволуција кај минералите, можеби некаква организирана и свесна заедница на минерали...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)