Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Слуша, влегува татко му, ама нејќе да ги отвори очите... нејќе да си го прекрати будното сонување, блажно задоволство, престојување во тој, само негов, пејсаж - со мирис на мајчина душичка... до свеста му се пробива шепотен разговор: „Од жештинава двајцата заспале.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Колку беше силен инстинктот за опстанокот во кружниот живот на јагулите, размислуваше Татко, а во свеста му беше судбината на семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Каранфилчето и сахаринот, сами по себе доволно одвратни, не можеа да го отстранат тешкиот мирис на зејтин; а најлошо од сѐ беше тоа што мирисот на џинот, кој престојуваше во него деноноќно, во свеста му беше неразделно измешан со мирисот на оние...
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така размислуваше Татко, додека во свеста му се испреплетуваа семожните граници на луѓето и патот на јагулите како нивна негација.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да го залажеш читателот со навидум смешна приказна, по која на лицето му останува заледена насмевка, а во душата горчина, додека во свеста му изрипува прашањето: На што, всушност, јас се смеев?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Веднаш потоа во свеста му се појавија сите стравотии од минатата ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)