Ако пресметката на веројатноста ја гледаме како универзална основа на нашиот свет, тогаш доаѓаме до следниот теориски парадокс: ако прифаќаме дека светот станува сѐ поверојатен, и ако нашето сознание го следи тој процес, тогаш вистината е од онаа страна на хоризонтот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Така светот станува осознаен. А што осознаваме!?... –Она за што не сме биле свесни!
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
XV Речиси нема човек кој не заборава дека на овој свет сме дојдени по чиста случајност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но најчесто се случува луѓето кога ќе се најдат во спиралата на потрага по моќта за владеење, да се однесуваат како суштества кои живеат во илузијата дека нивното присуство во светот станува капитален чин, небаре неопходен за движењето на материјата, рамнотежата на светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа, со години, веќе не се зборуваше за Мајка Тереза во родното маало, по заминувањето на нејзината блиска рода, макар што нејзината слава во светот стануваше сѐ поголема, особено по нејзиното добивање на Нобеловата награда за мир, во 1979 година, добивајќи ја и во името на сиромашните.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Светот станува „реверзибилен“: онаа Кирка на високиот маниризам не ги претвора само луѓето во животни, туку лесно меша сѐ!
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По повод карневалот 1627-та, Војводата Савојски наложува да се изведе балет во кој дванаесет карпи оживуваат и почнуваат да танцуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
За право повеќе ме драскаше, оти дланките му беа испукани, како кора од сув даб, ама тогаш му стануваа меки. Најмеките раце на светот стануваа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)