На еден дел од одговорите укажав во првото поглавје: можеме да влијаеме врз своето доживување на нас самите, на другите и на светот, и исто така да преземаме активности кон светот низ самото однесување.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Љубов која прави да гледаме во светот низ очите на божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го познавам и чувствувам овој трепет на усните, овој страв да заплачам како дете, страв претворен во гнев, страв да простам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Марија број два, каков е светот низ таа стаклена осумка?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но кога како малечок ќе се заразиш со пакосниот цинизам на цртачот Мањус и сценаристот Бункер, остатокот од животот го поминуваш гледајќи го светот низ шареноликата призма на црно-белиот аланфордовски свет.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
ВТОРАТА ЖЕНА: Зошто го бараш осознавањето на светот низ некакви источни философии и искуства, кога веќе ја имаме нашата христијанска, односно православна религија?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
17. Сега е само зборот негов дом и дом на секој на помнежот што му се радува Не беше тоа патот што води од ништото во ништо Трепетот на крвта се провира под божилото на светлиот лак кон пределите идни на биднината Го изоде тој патот на правот ѕвезден свој расеан во темнината Очите негови гледаат и болот отаде штама и болот како во огледало ликот што му го враќа со невените на надежта Среде нив зората таа убавата посестрима во прегработ го пречекува на недоречените зборови И тој провирање меѓу ридја и луњи низ градини пробудени и вирови на пронајдениот збор станува онаа светлина што го пројаснува мракот и ја открива прелагата темна на смртта Зборот е сега негов дом Дом е на светот низ кого песната оди и раскражува за муграта и виделото што виши со помнежот над ништото
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Во овој период, МОДЕРНАТА УМЕТНОСТ, низ еден блесок согледа како нејзините концепти можат да предизвикаат промени во светот низ оган, чад и крв.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)