Студената плоча чувствуваше како му ги лади вжештените усни кои трепереа од возбуда и радост, ја бацуваше неговата икона и ја гледаше како првпат да ја гледа, ги гледаше очите на светецот кои светкаа задоволно, радосно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа беше мала капела со прекрасни икони на светци кои беа прикачени на зидот од спротива вратичката низ која се влегуваше во малата прострија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Го гледам како светец кој слегол одозгора, што се вели, кој дошол оддалеку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Рацете и телото му затреперија како на светец кој ги започнува своите неразбирливи молитви.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)