светлина (имн.) - е (гл.)

Светлината е во нас, Танаско... Кога го прашал кралот својот мудрец: „Кажи кое е светло човеково?” тој одговорил: „Сонцето“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно нешто видов, подобро е така да се каже и да се сочини слово едниствено; едно нешто видов: светлина, боја и музика, оти светлината е боја и музика едновремено, како што бојата е светлина и музика и како што музиката е светлина и боја.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Црното е состојба од која секоја светлина е исцицана.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаменитост несомнено претставува стоковната куќа изградена од алуминиум, која е затворена од сите страни а прашањето на светлината е решено многу успешно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)