светлина (имн.) - негов (прид.)

Тој му ја подаде свеќата на Лествичникот, а овој, во суетата своја грозна, ми ја предаде светлината мене, за да не му биде на услуга на Филозофот, втор да не биде, лачиносец да не е, и јас помислив: „Ако. Нека остане светлината Негова кај мене, кога Лествичникот е слеп за да ја познае, а дадена на рака му беше“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Долго се загледуваше На Атанас Вангелов Долго се загледуваше де во свешникот со запалени свешти - де во неколкуте зборови запишани врз листот пред него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
По него влегов и јас, одејќи зад светлината негова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му пречеше поради нешто сенката што ја фрлаше свешникот, го изгасна и се определи за светлината на зборовите: на нивната светлина неговата сенка веќе исчезнуваше.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)