свеќа (имн.) - ќе (чест.)

Работи сега и надевај се, белки бабата Бисера со свеќата ќе помогне од некоа страна".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Биди жива и здрава да исчекаш и да ме ожениш. Ја свеќа ќе ми запалиш, ја венци ќе ми целиваш!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Не ќе жалав толку, Боженце - си велела со жалосен глас - за Силјана мој ако беше умрел оовде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам коа в море може да се удаи одејќи на тој пусти аџилак.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан 'и слушал тие зборои од жената си и срцето му се корнеше од жал што му идеше; арно ама, каноно, што бил даен од треќата вечер, требало да го тргат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ќе си лежи таму домаќинот и ако даде господ жива да останам, ќе одам да го посетам. Свеќи ќе им запалам на сите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Запалена, свеќата ќе ја носиш во срцето, засекогаш – одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Стојам како изгубен просјак во замокот ти дојде да бидеш последна слика во мене а потем во вечноста по темни сокаци со свеќа ќе барам. светлина, во гробје, гробишта на оние што пред мене ја отворија вратата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)