Има и некаква свирка на која се обидува да засвири песничка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Истиот час, еден од клисарите со крената рака, и со некои други ишарети, ја запре свирката на зурлите, тапаните и гарнетите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Откај бавчите се носеше свирката на неуморните свирачи – штурчињата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Како некој некаде да свирна, како свирки на луѓе. Луѓе, помисли. Луѓе, си рече, не досфаќајќи. Луѓеееееее.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа колоната несигурно одеше и со крваво око го мереше камењарот, сивата свирка на нероденоста, пустошта и голотијата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)