седиште (имн.) - во (предл.)

Во периодот што следи, фирмата најпрво се трансформира во ЗОИЛ „Македонија“ (филијала Битола), за да во турбулентното транзи- циско време – поточно во 1997 год. – истата се продаде на интер- националната групација за осигурување „Кјуби“ (QBE Insurance Group), со главно седиште во Австралија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
262 Божиновски против Кјуби Спорови за неисплатен минат труд, К-15, придонеси за ПИО и испратнина1 Supressio veri, suggestio falsi.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата за заштита на конкуренцијата е самостоен државен орган со својство на правно лице [со седиште во Скопје].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Ваквиот начин на работа не беше присилно даден на вработените, туку секој кој сакаше можеше да ја прифати или да не ја прифати оваа опција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, тука се предложи и нов вид на организација и управување – познат како франшиза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прикривањето на вистината е всушност наведување на лага!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во коалиција со уште петмина негови колеги, тие – во септември 1993, со склучување Договор за заеднич- ко работење и основање на дуќан, во смисла на тогаш важечкиот ЗСВДЛТ (1989) – ја основаат СТД „Јасмина-комерц“ (колонијална продавница) со седиште во населба Влае, на истото место кадешто се наоѓаа и дел од деловните простории на АД „Центро“, за чиешто користење плаќаа закупнина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа стоеше и се држеше за навлаката од седиштето в лево а јас зад неа, со раката за држачот зад мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никола Поцо, со трговско седиште во Цариград, тргувал со светот, а според сведочењето на мухтарот, на селскиот старешина на Маказар, кој е наведен во патописот на Барт, тој одржувал врски и се грижел за својот крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под јурисдикција на Пеќската патријаршија се наоѓал северниот дел од Македонија воглавно Скопската епархија, а под јурисдикција на Цариградската патријаршија се наоѓале југоисточните делови на Македонија заедно со градот Солун.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарската окупација на Македонија била извршена со делови од 1-та коњичка дивизија и 6-та и 7-та пешадиска дивизија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На околиската партиска конференција одржана во април 1943 под раководство на Никола Парапунов, била донесена одлука за формирање на покрупни партизански единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Била воведена директна римска административна управа со постојан римски намесник со седиште во Тесалоника.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нешто подоцна пак, била формирана уште една префектура со седиште во Тетово.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под јурисдикција на Охридската архиепископија со седиште во Охрид се наоѓале поголемиот дел од македонските епархии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Според ГШ на Народноослободителната востаничка армија, територијата на Бугарија била поделена на 12 востанички оперативни зони, при што делот на Македонија под Бугарија влегол во рамките на IV-та востаничка оперативна зона со седиште во Горна Џумаја.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Останати промени Покрај веќе анализираните измени и дополнувања кои ги претрпе ЗРО, во однос на останатата материја дојде до промени кај одредбите со кои се регулира примената на овој закон и дефинициите на основните поими. а) се утврди дека овој закон не се применува на поморскиот персонал на трговско - поморски претпријатија, на членови на екипаж 51 на авиони и на странци вработени во компаниите за патничкиот и железничкиот сообраќај кои имаат регистрирано седиште во странство (чл. 1 од ЗИДЗРО/септ.10); б) во однос на дефинирањето на употребените изрази во овој закон, кон чл. 5, се додадоа четири нови става кои нормираа дека: (1) претпријатие40 e „ јавно претпријатие, трговско друштво или трговец поединец што врши трговска дејност, без разлика дали работи за профит или не, кое се наоѓа на територијата на земјите членки“; (2) установата41 се дефинира како „деловна единица дефинирана во согласност со закон, која се наоѓа на територијата на една земја членка, каде што економската дејност се спроведува на тековна основа со човечки и материјални ресурси“; (3) под колективни договори или одлуки на арбитража што се прогласени за општо важечки „се подразбираат колективни договори или одлуки на арбитража што мораат да ги почитуваат сите претпријатија во таа географска област и од одделна струка или економската гранка“ и (4) претставници на работниците „се претставниците на работниците предвидени со закон и со законите на земјите членки на Европската унија“ (чл. 2 од ЗИДЗРО/септ.10). 40 За употребата на овој поим в. погоре – исто како кај образложението во референца бр. 27.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој видлив обид да ги надминат стрејт-луѓето во лотаријата на нормалноста и да ја избегнат заканувачката дамка на стигмата, геј-луѓето во последно време почнаа да се гордеат со својата здодевност, обичност, просечност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Би било тоа „ненастан“. (А во тој случај, што има да се мачиме?) ‌Особено бележит пример за ваквиот став даде Патрик Калифија-Рајс во фељтонот за Настраното издание на Вилиџ војс на 27 јуни, 2000 година.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самата нормалност веќе не е доволно нормална за да им го поткрепи на геј-луѓето чувството за сопствената вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некаква видлива агресивност почнала да им го полни настојчивото тврдење дека се толку здодевни, толку конвенционални и крајно нераспознатливи од сите други. ‌Неодамна во рубриката Мислења во Њујорк тајмс во напис за можноста Американците да изберат отворено геј-претседател, Морин Дауд го цитира Фред Сајнц од Кампања за човекови права, геј-организација за политичко лобирање со седиште во Вашингтон, кој „му се жалел на сопругот дека геј-претседател би бил антиклимакс. ‘Луѓето очекуваат бизарен тип и чудно однесување’ ми рече. ‘Ние секогаш сме ти оној смешниот комшија што се носи шарено и авангардно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Една од главните цели и беше да се бори против кликата на Тито и Колишевски и против Здружението на Егејците со седиште во Скопје, кое, пак, се бореше против кликата на Захаријадис.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
148. Владетелот на северозападниот дел на Македонија, со седиште во Прилеп, кралот Волкашин, заедно со брата си Јован Углеша, загинува во Маричката битка со Турците кај с.Черномен (Одринско) на 26.9.1371 год.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
142. Ханот Аспарух (ок. 644-701) со една своја орда дошол од исток кон утоката на Дунав и откако ги покорил словенските племиња и ги разбил Византијците, ја образувал првата држава на Бугарите на Балканот (681) со седиште во Плиска, којашто подоцна ќе ги проширува границите и врз поголемиот дел од Полуостровот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Забележа извесна вознемиреност, полни седишта во новинарската ложа, но не беше прв пат некоја измена на закон да предизвика такви реакции.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На сосема спротивната страна на задното седиште во автобусот седеше уште едно младо лице.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред 2, 3 години, завалена на две седишта во автобус, тргната кон Истанбул, го прелистував весникот „Фокус“ читајќи го прво стрипот најодзади, па полека нанапред до статијата на Н.М.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го запознав во Тунис во времето кога беше потпретседател на Арапската лига, тогаш со привремено седиште во Тунис, по заминувањето од Каиро, како и Палестинската ослободителна организација на чело со Јасер Арафат, откако беа принудени да го напуштат постојаното седиште во Каиро, кога Египет ги нормализира односите со Израел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И да ја прочиташе дали ќе проникнеше во нејзината суштина, во мојата душа, во мајчината душа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само дописникот на југословенската новинска агенција (Танјуг) со седиште во Алжир, со кого се познавав уште од деновите на новинарството во младинските весници, ќе ја објавеше веста за прошталниот прием кај Арафат, која ќе стигнеше сигурно до мојата Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Личноста која најсилно блеска во соѕвездието на пријателствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вагонот со дрвени седишта во кој патуваше беше преполнет од едно единствено огромно семејство, составено од една беззаба прабаба до едно едномесечно бебе, кое патуваше за да го помине попладнето со сватовите на село и, како што му објаснија слободно на Винстон, да набави малку путер под рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На задното седиште во комбето, до Варја седеше Богдан Русимиров кој вечерта, по пристигнувањето во Драчево, првин се сретна со човек во кожно палто, со темно-кафеав качкет што по страните се спојуваше и продолжуваше во несредена брада.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
По кратко задржување кај директорот Стево Трајчов, Волнаровски стави една папка со материјали на задното седиште во волвото и замина по патот надолу, кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој беше аптекар со углед, член на Меѓународната фармацевстка асоцијација со седиште во Дебрецин, а со подружници во Кишињев, Велика Плана, Харков, Пловдив, Котор, Плоешти и кај нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите седишта во делот од судската сала зад нас веќе беа исполнети.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Опсег на важење на законските одредби Додека со Законот од 1992 година беше предвидено тој да се применува на сите правни лица со седиште во Република Македонија (чл. 1, ЗИПДНД/92), со Законот од 1993 година се пропиша дека неговите одредби нема да се однесуваат на правните лица во приватна сопственост.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со измената и дополнување на ЗИПРМ (1994) изгласана во 1997 година беше пропишано дека по исклучок од членовите 3 и 4 на ЗИПРМ, исплатата на нето платите до 31 декември 1997 година кај правните лица со седиште во Република Македонија, освен кај правните лица 8.  Закон за општествениот капитал, Службен лист на СФРЈ, 84/89 и 46/90. 180 кај кои сите средства се во приватна сопственост, се врши најмногу до нивото на последно исплатената плата заклучно со 9 јули 1997 година (чл. 1, ЗИДЗИПРМ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
 6 Со овој закон се уредува исплатата на нето-платите (подоцна бруто-платите, со воведувањето на концептот „бруто-плата“) и одделни надоместоци кај работодавачите со седиште во Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Коста, кога дозна од командирот на втората механизирана колона со седиште во Корча, дека ќе вози некој офицер на ДАГ, замоли: - Другар, командир!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сѐ уште не му згасна прашањето кога тие толку брзо успеаја да стигнат во седиштето во Преспа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури сега командата на ДАГ ја виде опасноста и нареди офицерската школа, составена од петстотини курсанти, која е во резерва и со седиште во селото Брезница, со трчање да оди на помош на 102 бригада во чиј состав беа постари мажи и голем број инвалиди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Би можел да ги искинам тапацираните седишта во таксито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Мислам на тајландска кујна, на седиштата во кино, на женското WC, до Бога...“ „Тајландска кујна?“, не разбирав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сетив на маневрите со парченцата свинско и на пробирливото сецирање на тестенините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ти си вегетеријанец?“ Таа нетрпеливо погледна наоколу и ме прострела со своите леденосини очи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За да се воздржи од своето љубопитство, колку што можеше побрзо телефонскиот именик го фрли на задното седиште во колата, но цело време, предизвикувајќи му возбуда, во главата му се наметнуваше прашањето дали воопшто ќе најде некој друг Едо Бранов освен себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш пак (по барање на грчката влада) имаше некоја меѓународна комисија со седиште во Скопје и во Солун.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)