Ова проткајување ни овозможува за првпат да ја видиме врската помеѓу философското барање за чистота, гледиштето дека жените на некој начин се непрочистени, подреденоста на жената, и „вирилната хомосексуалност“ (вид машка сексуалност која што Ева Сидвик ја нарекува „хомо-хомосексуалност“, јасно предочена со тврдењето на Жан Жене дека „мажот кој ебе друг маж е двапати маж“).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тие трансформации немаат за цел толку одредување на сексуалноста како таква, бидејќи таа произлегува од односите со родителите, љубопитноста на детето кон она што родителите го прават во негово отсуство, неговото интересирање за примарната сцена, родителските одговори и премолчувања околу сопствената сексуалност, и сфаќањата за сексуалноста кои врз основа на сето тоа детето ги развива.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)