Трендот на охрабрување на работодавачите од страна на законодавецот продолжува и со наредната измена од март 2014 година,51 со која работодавачот од приватен сектор кој по претходно поднесено барање до АВРМ ќе вработи невработено лице до 29 години возраст со полно работно време, ќе биде ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување, под услов да нема намалување на бројот на вработените на неопределено време сметано од 31 декември 2013 година до денот на вработувањето на нови работници, освен во случаи на смрт или пензионирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Измени на ЗВОСН од 2014 година Со измената од февруари 201450 година се предвидува уште еден дополнителен основ за бришење на лицето од регистарот на невработени лица при АВРМ или од регистарот на лица кои учествуваат во програми за активна политика за вработување, а тоа е случај доколку едно лице одбие субвенционирано вработување. (чл. 61-ѓ) Со оваа измена се дава едно значајно олеснување на работодавачите од приватниот сектор кои ќе вработат невработено лице, корисник на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
На ова се надоврзува чл. 30 од Законот кој предвидува дека на вработените во јавниот сектор кои усно или писмено пријавиле сомневање или имаат сознание дека е извршено, или се извршува или е веројатно дека ќе се изврши некое кривично дело против службената должност или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната, им се обезбедува заштита согласно со закон и им се гарантира анонимност и доверливост до степен и до момент до кои тој тоа го бара.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)