На селаните имаше почнато да им дојадува неговото преомјадисување, но Брчалото не дозволи тие сосема да изгубат трпение.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но тој сите тие удари ги примаше со некоја селска рамнодушност, со селска упорност: беше жив пример дека селаните имаат посилен организам од сите други, дека имаат подобри нерви, дека во крајна рака, имаат и подобра интелигенција, дека кога им говориш нешто, низ едното уво им влегува, а низ другото им излегува, и дека нивната филозофија трпение- спасение, редовно дава плодови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Размислував дали селанецот има некоја сличност со Баждар.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Друго свое освен по неколку кози и овци и урупчињата земја за градинчиња, селаните имаа, по некои, свои воденици, валалници и неколкумина како дедо ми и татко ми што беа кираџии, ги собираа по село шајаците, козите, волната, конопот и другите такви работи да ги носат и да ги продаваат по Битола, Лерин, Воден и Солун и оттаму да им купуваат на луѓето било тоа што тие ќе порачаа или што кираџите ќе мислеа оти луѓето ќе сакаат да купат.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
До подобрување на ситуацијата дошло дури во август кога жетвата била собрана, при што многумина од селаните имале доволно храна само за еден оброк.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)