Веле стои на пештера, тој ми вели ем говори: „Ај станујте, мој другари, фашистите сардисаа, сега за нас живот нема, живи ќе нѐ изваќаат“ Сите тогај се пробија, се пробија, куртулија, другар Пецо ни погина – фашистите го фатија, главата му пресекоа, долу село ја снесоа, долу село во Габровник, во Габровник на средсело.
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Такви крикови доаѓаа само од жеравите кога, есење, го надлетуваа селото. Од селото ја изнесуваа Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кога дојде сликарот, селото ја славеше слободата; секогаш луѓето слободата, иако краткотрајна, ја славеа на свој начин; ја славеа вратоломно, лудо, шеметно; можеби затоа што знаеја дека е краткотрајна.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Уште кога ја омириса миризбата на тос, со која секогаш скапоцените ткаенини беа во тоа време прскани да не ги напаѓаат молци и други инсекти (таа миризба по селата ја сметаа за турска) Анѓа навистина почувствува одвратност до блуење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)