Ги тераше говедата низ село и над село нагоре кон Милков грм, знаејќи дека сега ништо друго не ѝ останува освен побрзо да ги отера говедата дотаму, да ги скротне да пасат, да се пласне под својата дивјачка и таму да плаче, да липка и да си ја корне косата додека умот не ѝ легне или не дојде Пандо да ја грабне.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сите видоа како вишлестиот човек со жолта кошула ја крена својата десна долга рака како некој војсководец и ја фрли право пред себе, покажувајќи му го патот на шоферот, по што белиот откриен автомобил замина право низ селото нагоре каде што им се изгуби во облакот прав од пред очите на вчудовидените селани. Луѓето занемеа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)