сестра (имн.) - ѝ (зам.)

Гледам како и жена ми забележува дека сестра ѝ фрла одмерувачко око кон моите гениталии.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа е толку многу видливо како жена ми гледа што се случува така што лесно би можело да дојде до скандал, сестрите да се фатат за коси, но жена ми го гледа и тоа дека сестра ѝ со завист гледа во гениталиите што нејзе ѝ биле на располагање во животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сигурно заклучува дека таа држела поголем одошто сестра ѝ.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На огледалцето одзади има слика во бледо розова светлина. - Тој? - праша сестра ѝ.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ина се кикотеше, се потпре на рамото на аѓутантот и се смееше; почна да се смее и аѓутантот; им пријде и сестра ѝ, Светлана, и љубопитно прашуваше што се случува; аѓутантот ѝ говореше нешто на украински, и таа се закикоте, исто така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа инсистирала да дојде и сестра ѝ; дошла и таа, но од врската со момчето не станало ништо, оти тоа момче не било кафеанџија, како што се претставило ноќта кога се запознале, туку – сопственик на тајна јавна куќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дури тогаш станав; погледнав кон кругот и видов дека и Ина гледа со љубопитство кон нас двајцата, проценувајќи кој од нас е Јан Лудвик, лудакот без мерка; за да се декларирам, ѝ испратив еден бакнеж од устата со рака во воздухот; таа се закикоте, ми возврати на ист начин, возврати и сестра ѝ, и јас и Земанек излеговме од шаторот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми ја отвори вратата (беше облечена во евтини источногермански фармерки и кошула; внатре беше и сестра ѝ, Светлана); „Добредојде во циркусот“, рече на лош англиски.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Но, зошто се убиле? - Ана вели дека сестра ѝ сонувала со отворени очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Теодора! – извикувам. Ема и Хорацио го следат мојот поглед. – Тоа е Ана – се обидува да се насмевне Ема: - Почна да носи иста фризура и облека како сестра ѝ .
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нацртав вистинско пожолтено листенце!“ „Вистинско?“ - се чудеше сестра ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Живееше сама со семејството на сестра ѝ Родне, со внуците кои растеа покрај неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, сестра ѝ Родна, и покрај тоа што беше десеттина години помлада од неа, еден ден ја најдоа „купче“ на подот во кујната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нора вели дека заспива со светло, во врева, меѓу итните извештаи од сестра ѝ полусоблечена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со три и три наизменично, малата, лагуна, живна; Одисеј, ракави, одмори.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ленче, знаејќи дека Томето многу пее, не се посомнева во ништо, напротив, одамна се чудеше зошто тоа музикално дете кое така страстно ја љуби музиката не го направи тоа многу порано, како сестра ѝ Христина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
А таа и сестра ѝ гледаа во земја и чекаа татко им да им каже дека можат да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сестра ѝ само ја фати за рака и тие продолжија накај офицерски.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не знаеше како би реагирале. Сестра ѝ Пандора беше со стројници омажена, но имаше среќен брак.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По неколку минути се врати сестра ѝ, видно возбудена и со забревтан здив: „Томе, Томе, грчкио конзул е тука!“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томето потресена стана и си замина во собата каде што ѝ се придружи сестра ѝ Христина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Веројатно ќе ја видам Мира, со сестра ѝ Цветанка, а Костадин рече дека чул дека Вера со брачеда ѝ Живка од Белград ќе излезат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
ПОЗДРАВ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ Се поздравив со сестра ми Љубица, а таа се расплака и ми рече: Миле, да дојдеш да ме земеш и мене, па јас ѝ ветив и така поминав покрај куќата на тетка ми Тала, сестра ѝ на мојата мајка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Прво седнуваше стариот Јосиф, до него од десно синот и зетот, одлево пак старата Јана, снаата и Тодора, а и сестри ѝ, додека овие не беа мажени.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марија го грабна Карл од рацете на сестра ѝ Лиле и силно го притисна на градите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во писмото што го доби од дома, сестра ѝ подробно ѝ пишуваше, како мајка ѝ правела питулици за соседите и роднините.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дека се договорила и со сестра ѝ Наде, заедно да ѝ дојдат во посета.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше свесна дека лекарот ѝ замерува, што во целиот овој изминат период, откако е сестра ѝ во болницата, домашните малку ја посетуваа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сестра ѝ Лиле, секако со желба да ја развесели атмосферата, извади од чантата бомбони.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На задните седишта од колата седнаа Марија и сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Скоро три години, - рече сестра ѝ, со пригушен глас.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Намерно не го отвори писмото пред љубопитните очи на сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По радосното лице на сестра ѝ, Марија сфати дека сите потајно страхувале - зошто не доаѓаше писмо од Хелвиг. Тоа не го покажувале пред неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Иако, со сестра ѝ сакавме да го избегнеме разговорот за детето, Марија самата почна да распрашува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тој момент не беше сигурна дали добро постапи што ја зеде и сестра ѝ со себе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
По половина час сестра ѝ се врати со болничка кола.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Мене ми е жал за Карл... - рече сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја забележа уште кога ѝ го донесе сестра ѝ в болница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа ја израдува - еве уште една можност да ја посети Марија, пред посетата што ја договори со сестра ѝ Наде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа му објаснуваше дека заедно со сестра ѝ доаѓаат од друг град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, токму на дваесеттиот ден, кога се враќаше од прошетка со Карл, сестра ѝ радосна истрча од куќата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Странец си е странец - воздивна сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега, штом знаеш дека те чека Карл, верувам наскоро ќе нè викнеш да те земеме - рече сестра ѝ.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ја видов Марија, - рече. Сестра ѝ заплака.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зеде од него две лири да ѝ купи чевли и волнена шамија; го излага ќатипот за Дунава, сестра ѝ, му зеде лира за бакшиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- И? - Па еве на пример, беше Парис Хилтон со сестра ѝ Ники...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нејзините сестри ѝ се чудеа на стариот архаичен турски јазик, со необичен, за нив туѓ нагласок. Се потсмеваа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
8. Филомела, според старогрчкиот мит, ја ткаела својата приказна за обљубата со Тезеј, мажот на сестра ѝ Прокна
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се исплаши сестра ѝ Билјана и ги викна соседите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Па, почекај малку. Гледаш и дека сестра ѝ на Бистра чека ред.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не е можно да смрдам, си мислеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав и јас да играм, ама ми беше страв од мостот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ама нешто мора да не е во ред со сестра ѝ на Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Чекај малку! - врескаше Бистра, а сестра ѝ потскокнуваше во место или се испречуваше пред лулашката, но кога ќе видеше како Бистра со голема брзина се враќа накај неа, ќе се тргнеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас бев крива што мостот беше малку расипан.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ми беше јасно ништо, само гледав како Бистра и Мони ме гледаат и слушав како сестра ѝ на Бистра заедно со Јасмина го сечат воздухот со лулашките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа еден ден си седевме пред зграда и си игравме со Јасмина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Помина сестра ѝ на Бистра и почна нешто да дрдори.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јасмина беше иста возраст со Бистра и со Мони.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А сестра ѝ на Бистра?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив дека таа истото го кажа пред мене, ама немав како да ѝ докажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони, Бистра и сестра ѝ ништо не рекоа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се сетив на лебот и на мајка ми и пребледев.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Забележав дека и сестра ѝ на Бистра јаде од лекот, иако беше две години помала од мене и не одеше дури ни во забавиште, ама ништо не реков.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Греота е детето, срамота.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа е помала од мене, па ете и таа се лула!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еднаш седевме кај неа дома и таа ми рече нешто чудно за сестра ѝ на Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Конечно ја отвори устата и со жолтиот јазик рече „може“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Откако си замина јас реков дека навистина не е во ред нешто со сестра ѝ на Бистра.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По некое време конечно Бистра се симна затоа што сестра ѝ почна многу гласно да плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ме пречека и ме воведе во салонот сестра ѝ на професорката Олга Ничота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со сестра ѝ на професорката Олга Ничота разменивме неколку збора.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми ја кажа сестра ѝ на Верче, оди во петто одделение.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разбира, најпосле ја повика тетка Ана да ѝ ги спакува куферите, зашто, како што тврди, самата е неспособна тоа да го стори, а сестра ѝ била „махер“ за пакување.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тетка Драгица, или чичко Лазо, или Виданка, сестра ѝ на Снеже, веќе заѕвониле кај нас дома и сега се чудат каде сме. За Ставре и Вале да не зборувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш тоа и заднички го правевме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бојана е сестра ѝ, врсници се со брат ми, и понекогаш знае да се шегува на наша сметка. Ама, тогаш не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие живеат на тринаесетти кат, Снеже на истиот со нас, и можам да замислам каква мешаница и викотница може да е сега по скалите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа дома, во собата на сестра ѝ Бојана, а јас кај брат ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)