- Дрвца се наоѓаат, жено, и се садат, а пак сестра не се наоѓа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Најтешко ѝ паѓало што сестрите не можеле да ја разберат на јазикот на кој зборувала.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во болницата место немаше: по скали, по ходници лежеа ранети; во кревети по двајца лежеа: болничарите и милосрдните сестри не стигнуваа ни вода да им подадат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Деветъ си сестри канило, Десета сестра не кани, Десета сестра коприна.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“
од Партениј Зографски
(1858)
Една од сестрите не издржала да не се смее кога баба зборувала со својот акцент кој влечел накај албанскиот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се колнеа, подуени и тромави, дека по туѓи сестри не погледнуваат. Селото притаено ги слушаше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)