сеќавање (имн.) - кој (зам.)

Неуредноста на мислите потсетуваше на ненадејните сеќавања кои ме опседнуваа без да ја покажат својата цел и на безуспешниот обид за нивно линкување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Неверството на Рајнер го преживуваше она девојче кое на почетокот од сеќавањата кои ги нарекуваше свој живот ја имаше болката, нешто како капење крв од скриена рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И не јас, туку она девојче кое некогаш бев, и чија рана и натаму крвареше во мене дури и во оние периоди од животот кога не го чувствував тоа, секое утро уште пред да се расонам ме тераше да тргнам кон Рајнер, па со чувство на вина да молам да ме пушти во својот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Цел месец го поминав во лечење на раните, а притоа ги враќав затрупаните сеќавања кои не биле толку лоши моменти.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)