Чекајте! Само еднаш во животот сретнав девојка со насмевка како вашата. Ако сеќавањето не ме лаже ...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, тоа беше обично парче од бескорисно знаење што тој случајно го поседуваше затоа што неговото сеќавање не беше доволно под контрола.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)