Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ме излудуваа затоа што беа пресметани (и воопшто, Луција беше свесна дека е убава и имаше еден сосема јасно деклариран економски однос кон сопственото тело, чија убавина ја натценуваше токму со тие непотребни движења со кои истакнуваше делови од телото); но мене тоа не ми пречеше, туку напротив, го сфаќав тоа како сигнал кој ми ветува дека некогаш, кога и да е, ќе ја имам Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ивона, која навидум ги игнорираше зборовите на дамата, застана на црвениот сигнал кој се запали во нејзината глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Единствените сигнали кои доаѓаа тогаш од родната земја беа телеграмите-некролози кои ѝ стигнуваа најчесто на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)