ситуација (имн.) - кој (зам.)

Одреден број од овие филмови е работен во форма на исповед (Suicide се состои од крупен план на рака со лузни од обиди за само­убиство и од off глас кој објаснува како дошло до тоа, а во Drunk протагонистот пред камерата пие шише алкохол, а него­виот монолог станува сè понеповрзан како пијанството зема замав) или им дава простор на протаго­нистите за исповед.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тавел, не пишуваше класични сценарија, туку смислуваше ситуации кои ќе предизвикаат инцидент, односно предтекст којшто на протагонистите ќе им даде само­доверба и истовремено простор за импровизација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сепак, најинтересно е издвојувањето на трите ситуации кои го покажуваат односот на субјективитетот кон идеологијата: 1) индиферентноста (“состојба кога поединецот не ја смета идеологијата за значајна за својот живот”, или кога идеологијата не успева со убедување и индоктринација да го механизира поединецот); 2) отфрлањето (може да биде a priori отфрлање, - кога поединецот отфрла една идеологија како следбеник на друга идеологија, и a posteriori, - кога ја отфрла сопствената идеологија; може да биде целосно и парцијално, чин или процес, може да биде единично или масовно, глобално отфрлање...); и 3) прифаќањето, интернализирањето - како процес на општествена (идеолошка) конструкција на стварноста (каде што поединецот му е ‘даден’ на општеството/ идеологијата) и како процес на самоконструкција - каде што општеството и идеологијата му се дадени на поединецот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во четвртата глава, станува збор главно за идеологијата изменета од поединецот, за идеологијата во „персоналниот систем на знаење“, за „структурата на идеолошкото знаење во свеста на поединецот“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сето ова се случуваше во две наметнати ситуации кои Девојката во снежните топки ги немаше иницирано сама.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Често зборуваш за потребата од критичко-теориско објаснување на стварноста, односно на општествената ситуација која ги рециклира граѓанскиот конформизам и интелектуалниот „шламперај“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Натаму, нему ќе му се допадне и профинетата иронија, зашто подбивната фантазија се извишува над обичното боење со црно на една ситуација која навистина беше црна...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наместо да се отфрлат како неважни маргинализирани зони, тесни парчиња земја помеѓу стабилните места, сакаме да покажеме дека граничните зони како поим претставуваат поадекватна концептуализација на „нормалниот“ локалитет на постмодерниот субјект“.76 Ваквото продуктивно гледиште за границата, како „празнична, поради креативната 76 Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 38. 61 енергија која се ослободува од обичната борба за отпор“, каде таа се зема како метафора за сите ситуации кои се карактеризираат со контрадикција и натпревар, може да послужи како вреден коректив на предоминантно негативната употреба на терминот (освен ако не заборавиме дека граиците се исто и инструмент на моќ).77 Бидејќи границата е, меѓу останатото, место за дијалог и заемно истражување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во нивното читање на терминот, тој не означува фиксно топографско место меѓу две други фиксни локалитети (нации, општества, култури), туку „меѓу-зона на раселување и детериторијализација кој го формира идентитетот на хибридниот субјект.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но, по ова, во септември 1999 Авдиќ добива отказ без отказен рок против кој благовремено поднесува писмен приговор до УО на претпријатието4 – и којшто, во ноември 1999, му е одбиен како неоснован, без тој воопшто да биде известен и повикан на седницата на УО за да ја изложи својата одбрана!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По новонастанатата ситуација која дојде неочекувано и со малициозна тенденција да му се напакости по секоја цена, Авдиќ се почувствува изманипулирано и оштетено и, за подготовка на тужба за иницирање судски спор, директно се обраќа кај адвокат од Скопје (А. Ребула) – затоа што немаше доверба во раководството на својот матичен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)