Ни автобус ни тролејбус ни такси ни кола ни мува*** ништо* само снегулки како инсекти околу уличните сијалици кои некогаш светат а некогаш не*** но сеедно* снегот заземјен сјае на дното на небото како фенер на импресионистичка слика*** тишина* и траги од волци на планината * а овде и сега само очи зад прозорските монитори** '140 помножено со 140 * термопан* рамен екран * 1024 by 768 pixels * 20-20 vision * Филипи * соседи итн. итн. некој родител впрегнат во санка со која управува дебело дете снегот длабок и бел* влажноста идеална за грутки со кои децата се груткаат сѐ додека влажноста на алиштата не стане идеална за стап*** а потоа молк* вонземен и вонградски* лебдење како снегулка и паѓање и топење на дланката на перницата во апаурински сон од 5 милиграми * * * Ни чувство за време ни интерес како на планина во дрвена куќичка со дрва за огрев во визбата и со пес чувар кој не лае без причина * * * сè е замрзнато но така мора да биде сè е бело но како поинаку да биде тополите се високи и се први на удар баричките се смрзнати и велат: судар *
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Потоа, дека истото важело и за сијалиците кои јас не сум ги гасела, како што до премногу доцна не сум ја гасела и сијалицата во собата каде што спиев.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)