Тој си дојде дома, најверојатно од Архивот, по кобниот ден кога ги донесе парите, предвреме, од тие клети сиџили кои, откако тој ги спаси, еве како го заробија неговиот живот, си редеше Мајка семожни мисли.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога Татко ги преведе и последните сиџили кои му ги носеше од Архивот ревносниот и верен пријател Сокол Мечевски, а судски преводи имаше с помалку, Климент Камилски му предложи да работат заедно врз толковен речник на зборовите од сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко веруваше дека, најпосле, на видливиот хоризонт од животот што му преостануваше, ја наѕира близината на идниот сиџил кој се однесува на неговите далечни предци.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)