Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Живи сведоци тврдат дека секоја вечер, во колона од 300 до 500 товарени правда го газеа патот и козјите патеки од Руља преку Брезница, Смрдеш, Лобаница, Крчишта, Новоселени, Шак, Ревани, Калевишта, пренесувајќи го до складиштата во Пиљкати, Јановени, Слимница, Омоцко и Тухуљ или директно до борбените позиции.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако мисијата нема повеќе потреба од нив би требало да се вратат во складиштето во Бари“.281
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)