И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Најзабележлив предмет е четката за чистење шишиња што штрчи нанапред под прав агол на површината.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во тој извонреден јазик не постојат, значи, само зборови кои кажуваат како „јако“ така и „слабо“, или како „наредување“ така и „потчинување“; постојат и композитуми како на пример „стармал“, „далекублиз“, „врзувараздвојува“, „надворвнатре“..., кои - наспроти нивниот склоп кој во себе го вклучува она што е најразлично - значат само, во првиот пример „млад“, во вториот само „близу“, во третиот само „врзува“, во четвртиот само „внатре“...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како што често се забележува, овој елемент тематски е поврзан со “Полицата за шишиња” (1914); но и како формален склоп кој одигра важна улога на историски преседан за една подоцнежна генерација сликари, особено Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, уметници кои отворено го нагласуваа пионерското влијание на Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)