Зашто во селото веќе немаше ни крштевки ни свадби, туку само умирачки, само одвреме-навреме го здогледуваа Мицето Стружиклечката како стои како стренџер на сред селото таму каде што обично, на времето, на празници стоеја свирачите дојденци околу кои се виеше селското оро и чекаа Мице да ги застружи клечките од кои не се делеше и да ја рече својата песна со својот како на славеј убав глас.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)